tipovi
acko
Makedonija

Tipovi

Ne postajat losi tipovi samo losi rezultati ! ! !

Anketa
Dali Makedonija nekogas ke igra svetsko ili evropsko prvensvo...?



Welcome

Glitter Text

Novo novo ! ! !

Od sega mozeto da gledate TV na nasiot makedonksi web portal vo zivo na koj sakate programi ! ! ! Posetete...!!!
Klikni na slikata...!!! Home
www.zulu.mk

Blog
nedjelja, prosinac 20, 2009



Денеска во Нион беа извлечени двојките кои ќе се сретнат во нокаут фазата во Лигата на Шампионите.

Актуелниот шампион Барселона, ќе има прилично лесна задача да го совлада тимот на Штутгарт.

Керим Бензема кој во летниот преоден рок премина во Реал Мадрид, ќе игра против својот поранешен тим Олимпик Лион.

Исто како и него и Дејвид Бекам ќе треба да се спротистави на својот поранешен тим, Манчестер Јунајтед.

Жозе Мурињо повторно ќе се врати на Стемфорд Бриџ, но овој пат со неговиот Интер ќе сака да го победи тимот на Челзи.

Може да се случи Италијанците да останат без ниту еден преставник во четвртфиналето и со тоа ќе ризикуваат следната сезона да имаат три наместо четири преставника.

За прв пат откако Лигата на Шампионите се игра во ваков формат, осминафиналните дуели ќе се играат во период од четири седмици.

Двојките за 1/8 финале:

Милан - Манчестер Јунајтед (16 Фев/10 Мар)
О. Лион - Реал Мадрид (16 Фев/10 Мар)
Баерн Минхен - Фиорентина (17 Фев/9 Мар)
Порто - Арсенал (17 Фев/9 Мар)
Олимпијакос - Бордо (23 Фев/17 Мар)
Штутгарт - Барселона (23 Фев/17 Мар)
Интер - Челзи (24 Фев/16 Мар)
ЦСКА Москва - Севиља (24 Фев/16 Мар)

acko-makedonia @ 15:24 |Komentiraj | Komentari: 7 | Prikaži komentare
Ako Ronaldo vredi 94 milioni , jas vredev 95 Milioni





Претседателот на УЕФА продолжува со критиките упатени кон раководството на Реал Мадрид и огромните суми кои "кралевите" ги потрошија за засилувања ова лето.



"Мислам само едно, Реал Мадрид го уништи фудбалскиот трансфер пазар! Ако Кристијано Роналдо денес на 23 години вреди 94 милиони евра тогаш ја на неговите години вредев 95 милиони!"



"Мислев на 95 милиони франка(се насмеа Платини). Ваквите трансфери прават да се зголеми инфлацијата во фудбалот со што ќе се има негативен повратен ефект во цела Европа." - заврши Платини кој во 1982 година од Ст.Етјен дојде во Јувентус.



Платини се залага помалите клубови да добијат поголема шанса во европските натпреварувања, за еднаквост меѓу клубовите. Така оваа година 5 клубови од понефудбалските земји сигурно ќе имаат преставник во фазата по групи во ЛШ. 



acko-messi @ 14:51 |Komentiraj | Komentari: 7 | Prikaži komentare
utorak, lipanj 16, 2009
Бразилскиот плејмејкер Кака и по заминувањето од Милан ја искажал својата љубов кон тој клуб, кој го напушти пред неколку дена за да се пресели во мадридски Реал. Бразилецот вели дека секогаш ќе му биде благодарен на Милан за улогата која ја има во неговиот развој во играч, каков што е денес.

Говорејќи во кампот на бразилската репрезентација во Јужноафриканската Република Кака изјавил: "Многу сум му благодарен на Милан. Денес сум врвен играч, а тоа им го должам на Милан и на репрезентацијата на Бразил. Навистина ми е жал поради се што се случи со Милан, но сега морам да се навикнам на фактот дека ќе играм во дресот на Реал и дека мојот професионален однос со Милан заврши. Се надевам дека Милан со новиот тренер Леонардо ќе оствари многу повеќе и му посакувам се најдобро. Секогаш ќе ги сакам боите на росонерите."
acko-messi @ 13:24 |Komentiraj | Komentari: 6 | Prikaži komentare
četvrtak, lipanj 11, 2009
Лацио летово сигурно ќе остане без Горан Пандев. Ден по заминувањето на Делио Роси од тренерската функција во клубот од Рим нов удар за "небесносините" од Горан Пандев. Вчера изјавите на нашиот најдобар фудбалер за медиумите во Италија беа вест број два по трансферот на Кака од Милан во Реал Мадрид.

"Имав раздовори со претседателот Лотито и му кажав дека заминувам. Доволни беа 5 сезони во Рим и потребен ми е нов предизвик", беа зборовите на Пандев кој уште еднаш го најави она што го рече за "Македонски Спорт" уште пред еден месец.

Само останувањето на Делио Роси на клупата даваше надеж од 5% дека Пандев може да се премисли. Сега речиси се е јасно. Ако Лацио не сака разделба со Пандев на пријателски начин тоа може да се случи и по законодавен пат и според правилото 17 на ФИФА со која Пандев за 3.000.000 евра ќе може да го откупи договорот.

"Тоа е желбата на Пандев. Посакува да игра во клуб со шампионски амбиции и во екипа која ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Ќе имаме нови разговори со Лацио но не можам сега да кажам дали тој заминува во Јувентус. Барем засега шансите за трансфер во Торино или во Англија се 50-50. Горан сака во Италија затоа што му е потребна уште една година претстој во оваа земја за добивање на пасош", беа зборовите на Лео Корси, менаџерот на Пандев за весникот "Ла Република".

А во Торино се е подготвени за доаѓањето на Пандев. Медиумите блиски до Јувентус откриваат детали со кои во Италија за неколку дена ќе се затвори кругот од три трансфери. За весникот "Тутоспорт", со трансферот на Кака во Реал Мадрид почна трансферниот бум. До недела во Милан се очекува да замине Трезеге а потоа да слета Пандев како замена за Французинот во таборот на "старата дама".

Горан Пандев е меѓу топ 5 фудбалери на почетокот од преодниот рок во Европа. Нема ден а да нема некоја нова приказна поврзана за струмичанецот. Постојано има нови понуди, нови верзии но едно треба да се знае. Јувентус е во преден план и приоритет на нашиот репрезентативец
.
acko-messi @ 13:14 |Komentiraj | Komentari: 1 | Prikaži komentare
srijeda, lipanj 3, 2009
Паоло Малдини, Луис Фиго и Павел Недвед во неделата ставија крај на своите легендарни кариери со победите на нивните клубови во последното коло на Серија А. Четириесетгодишниот Малдини го одигра рекордниот 902. меч за Милан во триумфот кај Фиорентина од 2:0, додека 36-годишниот Португалец го предводеше Интер до победата над Аталанта од 4:3. "Росонерите" со овие три бода ги осигураа третото место на табелата и директниот пласман во Лигата на шампионите.
Капитенот Малдини е дете на Милан и сите 25 години од кариерата ја мина на "Сан Сиро". Тој дебитираше за првиот тим на 20 јануари 1985 година на 16-годишна возраст и тоа му беше единствениот настап таа сезона, но веќе наредната стана дел од првата постава. Скудетото од 1987/88 година беше првиот голем трофеј за легендарниот бек, а следеа уште шест шампионски титули во Серија А. Малдини има одиграно рекордни осум финалиња во Лигата на шампионите, триумфирајќи во пет од нив, а со репрезентацијата на Италија, за која одигра 125 меча, освои светско и европско сребро. Во 1994 година стана првиот дефанзивец кој ја добил наградата за играч на годината во изборот на списанието "Ворлд сокер". Тој го држи рекордот во бројот на одиграни натпревари во Серија А, а Милан веќе го повлече неговиот дрес со број 3, кој ќе биде вратен во употреба само доколку неговиот најстар син Кристијан заигра за тимот.
Луис Фиго е еден од неколкутемина играчи кои го носеле дресот и на Барселона и на Реал Мадрид. Во 2001 година ја имаше најдобрата сезона во 20-годишната кариера кога беше прогласен за играч на годината според ФИФА, а година порано беше именуван и за најдобар европски фудбалер. Четири пати триумфираше во Примера, по двапати со Барса и Реал и освои исто толку титули во Серија А со Интер, каде и реши да ја заврши кариерата. Во 2002 година беше дел од "галактикос" кој славеше во Лигата на шампионите.
Чехот Недвед се повлече на 36-годишна возраст како легенда на Јувентус, откако реши да остане со тимот и по неговото префрлување во Серија Б за скандалот "Калчополи". Тој го привлече вниманието на светската фудбалска јавност со настапите за чешката репрезентација на ЕП 1996, каде што неговиот тим загуби во финалето од Германија. Тоа лето премина во Лацио, со кое освои го освои скудетото во 2000 година, пред да премине во Јувентус следната година. Најуспешна сезона му беше 2002/03, кога поради жолти картони не настапи во финалето на Лигата на шампионите против Милан. Сепак, на крајот на годината ја доби "Златната топка" за европски фудбалер на годината.


acko-messi @ 11:51 |Komentiraj | Komentari: 11 | Prikaži komentare

Бразилскиот репрезентативец Кака по којзнае којпат им порача на навивачите на Милан дека нема намера да си оди од Сан Сиро и дека ќе остане во својот сегашен тим до крајот на кариерата. Последните денови, по заминувањето на Карло Анчелоти во Челзи и преземањето на претседателската функција во Реал Мадрид од Флорентино Перез, наголемо се шпекулираше дека Кака ќе се пресели во еден од овие два клуба, но тој уште еднаш ја истакна својата љубов кон Милан.

"Уште еднаш ќе повторам, последен пат, не сакам да го напуштам Милан. На милионите навивачи на Милан им порачувам дека веќе донесов одлука - сакам да останам овде", рече Кака, кој изрази голема благодарност за досегашниот тренер на Милан, Анчелоти.

Евентуалниот трансфер на Кака беше во центарот на вниманието и во јануарскиот преоден рок. Тогаш заинтересиран за Бразилецот беше Манчестер Сити, кој за Кака нудеше вкупно 243 милиони евра, но по неколкудневни преговори и шпекулации и кога се чинеше дека работата е завршена, Кака, сепак, одлучи да остане на Сан Сиро. Сега Перез за неговиот потпис нуди 70 милиони евра, но Кака ни сега не попушта.

Италијанските медиуми во последните денови обзнанија дел од плановите на Кака, кој, најверојатно, ќе биде нов капитен на Милан по "пензионирањето" на Паоло Малдини, но и лидер на екипата на која и претстои подмладување и реорганизација во обидот конечно да ја прекине четиригодишната доминација на градскиот ривал Милан. Уште една работа што е на страната на останувањето на Кака во Милан е и фактот што нов тренер на тимот е Леонардо, чов
acko-makedonia @ 14:42 |Komentiraj | Komentari: 0
Saat
Arhiva
« » sij 2012
  • p
  • u
  • s
  • č
  • p
  • s
  • n
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
Brojač posjeta
17612
Anketa
Koj e podobar fudbaler...?


Index.hr
Nema zapisa.