
Денеска во Нион беа извлечени двојките кои ќе се сретнат во нокаут фазата во Лигата на Шампионите.
Актуелниот шампион Барселона, ќе има прилично лесна задача да го совлада тимот на Штутгарт.
Керим Бензема кој во летниот преоден рок премина во Реал Мадрид, ќе игра против својот поранешен тим Олимпик Лион.
Исто како и него и Дејвид Бекам ќе треба да се спротистави на својот поранешен тим, Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо повторно ќе се врати на Стемфорд Бриџ, но овој пат со неговиот Интер ќе сака да го победи тимот на Челзи.
Може да се случи Италијанците да останат без ниту еден преставник во четвртфиналето и со тоа ќе ризикуваат следната сезона да имаат три наместо четири преставника.
За прв пат откако Лигата на Шампионите се игра во ваков формат, осминафиналните дуели ќе се играат во период од четири седмици.
Двојките за 1/8 финале:
Милан - Манчестер Јунајтед (16 Фев/10 Мар)
О. Лион - Реал Мадрид (16 Фев/10 Мар)
Баерн Минхен - Фиорентина (17 Фев/9 Мар)
Порто - Арсенал (17 Фев/9 Мар)
Олимпијакос - Бордо (23 Фев/17 Мар)
Штутгарт - Барселона (23 Фев/17 Мар)
Интер - Челзи (24 Фев/16 Мар)
ЦСКА Москва - Севиља (24 Фев/16 Мар)