
Претседателот на УЕФА продолжува со критиките упатени кон раководството на Реал Мадрид и огромните суми кои "кралевите" ги потрошија за засилувања ова лето.
"Мислам само едно, Реал Мадрид го уништи фудбалскиот трансфер пазар! Ако Кристијано Роналдо денес на 23 години вреди 94 милиони евра тогаш ја на неговите години вредев 95 милиони!"
"Мислев на 95 милиони франка(се насмеа Платини). Ваквите трансфери прават да се зголеми инфлацијата во фудбалот со што ќе се има негативен повратен ефект во цела Европа." - заврши Платини кој во 1982 година од Ст.Етјен дојде во Јувентус.
Платини се залага помалите клубови да добијат поголема шанса во европските натпреварувања, за еднаквост меѓу клубовите. Така оваа година 5 клубови од понефудбалските земји сигурно ќе имаат преставник во фазата по групи во ЛШ.